Филмовите често имаат неверојатна моќ да нè поттикнат, да нè натераат на размислување и да ни ги разбудат најдлабоките емоции. Меѓу нив, инспиративните филмски драми особено се истакнуваат бидејќи преку моќните приказни, исклучителните ликови и емотивните моменти ја прикажуваат човечката борба, издржливост и надеж. Pickbox NOW носи богат избор на филмови кои ја слават храброста, истрајноста и неверојатната моќ на промените – накратко, инспиративни филмови кои не нè оставаат рамнодушни.
Се работи за наслови кои ги водат гледачите низ животите на поединци кои се соочиле со одредени предизвици, но со силата на волјата, решителноста и страста, најдоа начин да ги надминат своите пречки. Биографски драми за луѓето кои го промениле светот со своите дела, спортски драми во кои бестрашните поединци ги надминуваат сопствените граници, приказни за пријателството, семејството и внатрешната сила што нè води напред – сето тоа се теми кои будат посебни делови од човечката емпатија. Овие инспиративни филмови нè потсетуваат дека и во најмрачните моменти постои светлина и дека упорноста и вербата во себе можат да доведат до неверојатни резултати.
Во продолжение ви носиме четири наслови кои сигурно ќе ви остават силен впечаток.
Run Rabbit Run (Бегај зајко, бегај)
Како лекарка која се занимава со плодноста, Сара има цврсто разбирање за животниот циклус. Меѓутоа, кога ќе биде принудена да го разбере сè почудното однесување на нејзината ќерка, таа ќе мора да ги предизвика сопствените уверувања и да се соочи со духот на своето минато. Се работи за многу имагинативен хорор-трилер, со силна атмосфера и напнато дејство коешто ги држи гледачите постојано во напнатост. Актерката Сара Снук одлично го отелотворува ликот на главната актерка, а младата Лили ЛаТоре е одлична како Мија и успева да го направи својот лик многу искрен и убедлив. Овој австралиски филм можеби нема да даде одговори на сите прашања, за некого може да има двосмислена завршница, а некои можеби ќе бидат фрустрирани токму поради тоа. Сепак, сигурно ќе им се допадне на сите љубители на добар напнат трилер на кои не им треба многу акција и ненадејни застрашувачки сцени.
Pretty Red Dress (Убав црвен фустан)
Едно семејство е доведено до крајните граници откако Тревис, кој штотуку е ослободен од затвор, е пронајден облечен во фустанот на неговата партнерка Кендис. Да, сигурни сме дека само оваа реченица веќе ве заинтригира. Се работи за филм кој во голема мера ја истражува машкоста, родовото изразување и семејните прашања. Секој лик е посебен и карактеристичен на свој начин, а актерската екипа брилијантно си ја завршува работата – со акцент на Александра Бурк. Јужниот дел на Лондон стана совршен амбиент за филмски сцени, слушаме многу фантастична музика и сведочиме на едноставна приказна за многу компликувани односи. Филмот носи чувствителен и современ поглед на љубовта, идентитетот, сексуалноста, очекувањата, љубезноста, луѓето воопшто, сето она што инспиративните филмови им го нудат на своите гледачи. Се идентификувате со ликовите и многу е охрабрувачки што во филмот има простор за емоции среде многуте дводимензионални обиди за етикетирање.
Girl Flu (Женски грип)
Со само 12 години, но со многу поголема мудрост за возраста, девојчето Бирд мора да се грижи за својата забавна, но не многу одговорна мајка Џени. Кога Бирд е понижена откако ја добила првата менструација на училиштен пикник, деликатната рамнотежа дома е нарушена додека Бирд и Џени се борат да се справат со налетот на промените и бесните хормони. Откако ќе донесат некои проблематични одлуки, со помош на момчето на Џени и нејзината непоколеблива најдобра пријателка, и мајката и ќерката откриваат што значи вистински да се стане жена. Филмот е прекрасно снимен, напишан и режиран со неверојатна актерска екипа предводена од Џејд Петиџон која остварува брилијантна изведба како младата Бирд. Кејт Сакоф го презема ликот кој вообичаено би бил несимпатичен (Џени) и ја претвора во жена со која сите можеме да се идентификуваме (барем на одредено ниво). ‘Girl Flu’ е освежувачки филм за растењето кој е смешен, реален, сладок, но и сериозен.
True Blue (За чест и слава)
Приказна за годината кога трката со чамци во Оксфорд и Кембриџ се трансформираше од џентлменска во трка каде што победата значи сè. ‘True Blue’ сликовито го пренесува стремежот кон физичко совршенство и стресот од изборот и тренингот за најтешката веслачка трка на светот. Станува збор за филм заснован на истоимената книга, а ја раскажува приказната за немирите при веслачката трка во Оксфорд во 1987 година, кои започнаа во април 1986 година, кога Оксфорд го претрпе нивниот прв пораз од Кембриџ по 11 години. За оние кои сакаат да гледаат добар спортски филм, многу напнат и исполнет со емоции, сигурни сме дека ќе уживаат во ова.



