Pickbox NOW носи пет врвни серии што ќе ја задоволат вашата глад за интригантни и слоевити приказни.
Кога јужнокорејската серија Squid Game беше премиерно прикажана, таа стана глобален феномен за рекордно време. Острата социјална алегорија, напнатата содржина и незаборавниот визуелен идентитет ја претворија оваа серија во една од најгледаните и најкоментираните серии во историјата на стриминг-сервисот. Неодамна се прикажани сите епизоди од последната сезона, а милиони гледачи беа погодени од сега веќе познатиот феномен: депресија по непрекинато гледање. Се работи за чувство на празнина, емоционална исцрпеност и збунетост по интензивното гледање на серијата којашто целосно ве обзела. Откако ќе ги завршите сите епизоди, останувате со прашањето: што сега?
Решението го носи Pickbox NOW, првиот регионален стриминг сервис кој во својот каталог содржи еден куп премиери и хит-серии од европската и холивудската продукција. Депресијата по непрекинатото гледање ќе биде излечена особено со пет одбрани одлични серии кои ќе го задоволат апетитот за интригантни заплети, силни протагонисти и антагонисти, како и приказни кои не ве оставаат до самиот крај. Од мрачни полициски истраги до лични драми кои продираат длабоко под површината, ова се насловите кои ја враќаат смислата на непрекинатото гледање.
Инспирирана од вистински случаи од британскиот систем за заштита на сведоци, оваа серија нуди моќна и реалистична драма за тоа што значи да се заштитат, но и да се предадат најранливите. Protection ја истражува границата помеѓу законот и моралот и го поставува прашањето колку далеку сме подготвени да одиме за да го исправиме она што системот го превидел. Идеална е за гледачи кои бараат и напнатост и длабочина од серијата, но и силен општествен контекст кој отвора важни прашања за правдата, системот и човечката храброст.
Ludwig
Во центарот на британската серија „Лудвиг“ е Џон Тејлор, повлечен автор на загатки кој пишува под псевдонимот Лудвиг. Кога неговиот идентичен брат близнак, успешниот полициски инспектор Џејмс, исчезнува без трага, Џон го презема неговиот идентитет и влегува во светот на истрагите за да го пронајде. Меѓутоа, додека се преправа дека е некој друг, тој е вовлечен во решавање случаи и мистерии што не ги барал. Интелектуално предизвикувачка и атмосферична, „Лудвиг“ е оригинален спој од психолошка драма, крими и мистерија, со доза на британски хумор и неизвесност во секоја епизода.
Happy Valley
Добитничка на наградата БАФТА и фалена низ целиот свет, „Среќна долина“ ја носи приказната за полициската наредничка Кетрин Кавуд, која секојдневно се бори со криминалот, системската неправда и сопствената траума. Ретко која серија толку прецизно и емоционално балансира помеѓу напнато криминалистичко дејство и лична драма – со незаборавните изведби на Сара Ланкашир и Џејмс Нортон.
Endeavour
Како претходник на легендарната британска серија Inspector Morse, Endeavour ги следи младите денови на брилијантниот, но повлечен детектив во Оксфорд во 1960-тите години на минатиот век. Интелигентно замислена и стилски доработена, оваа серија нуди комбинација на класична детективска атмосфера со личниот развој на главниот херој кого е невозможно да не го засакате.
Line of Duty
Една од најуспешните британски криминалистички серии во последната деценија, Line of Duty ја открива мрачната страна на полицискиот систем, каде што законите важат само ако не ги допираат привилегираните. Интригите, секогаш присутната тема на корупцијата и постојаните пресврти ја прават оваа серија совршен избор за сите што ги сакаат заплетите што ги надминуваат очекувањата и ја тестираат лојалноста на ликовите, но и на гледачите.
Не талкајте наоколу барајќи ја следната голема серија бидејќи Pickbox NOW веќе има сè што ви треба.
Сериите се достапни за гледање преку pickboxnow.com, апликацијата или преку одбрани оператори.




