Во богатиот свет на жанрови, постојат широки можности да го избереме оној кој најмногу им одговара на нашите афинитети. Обожавателите на непредвидливи ликови, посебна атмосфера, големи социјални контрасти, длабоко вкоренети традиции и мрачна нота што го обвива сето тоа, сигурно ќе се свртат кон европскиот север. Таму ќе ги најдат најдобрите сканди серии, често карактеризирана како многу пореалистични, поедноставни и попрецизни, со силна доза на мистерија и засилени со драматичните пејзажи на Скандинавија кои обезбедуваат совршена заднина за секоја криминална приказна.
Низ годините, скандинавската продукција си обезбеди култен статус, а гледачите продолжуваат да ги сакаат нејзините повеќеслојни приказни, квалитетното раскажување, комплексните ликови, акцентот на деталите и одличната актерска екипа. Сериите од Скандинавија се одвојуваат од типичните холивудски пристапи за раскажување бидејќи се фокусираат на атмосферата, емоционалната длабочина и уникатните приказни кои, во комбинација со талентираните актери и врвната продукција, го прават совршениот рецепт. Ликовите не се црно-бели, туку нивните морални дилеми и емоционални длабочини им овозможуваат на гледачите да се поврзат со приказните на лично ниво.
Сакаат покомплексно дејство и темпо коешто овозможува подлабоко истражување на ликовите и нивните ситуации. Токму овој сегмент придонесува за посебната атмосфера, вниманието на деталите, а со тоа и за побогато искуство за гледачите. Сериите од европскиот север сакаат да ја користат нивната студена, минималистичка естетика која ја одразува нордиската култура и природа.
Во продолжение ви ги носиме најдобрите сканди серии, поточно пет наслова во кои сигурно ќе уживате ако сте љубители на естетиката на северот.
Ronja, the Robber’s Daughter
Од авторката на легендарниот роман ‘Пипи долгиот чорап’, доаѓа приказната за љубопитно девојче родено во банда разбојници во средновековна Скандинавија. Како што расте, Роња го истражува светот околу неа, полн со магија, опасност, но и необични суштества. На своите талкања низ нордиските шуми, таа го запознава момчето Бирк, чиј татко исто така е водач на банда. Прекрасна адаптација со магични прикази на околината, прекрасна музика и автентични ликови, а ако сте љубител на оригиналниот филм од 1984 година, поновата верзија дефинитивно може да биде уште подобра за вас.
Juliet
По смртта на татко ѝ, детективката Жулиет Думон се враќа во својот роден град Де Хан каде што презема привремена должност, а во исто време се грижи за својата проблематична внука, тинејџерката Клое, за која бара згрижувачко семејство. Таа открива сè повеќе мрачни семејни тајни, се соочува со необработената смрт на мајка ѝ, а навлегува длабоко во човечката психа и тежината на меѓучовечките односи. Истрагите и случаите се на исто ниво со комплексноста на животот на главниот лик, а актерките Шарлот Де Брујн и Амбер Наерт одлично ги пренесоа емоциите коишто можат да се почувствуваат дури и преку малите екрани.
Pørni
Се работи за една од најдобрите серии на “Вијаплеј“ во која самохраната мајка Перниле, позната и како Порни, се грижи за своите две деца, нејзиниот внук и нејзиниот татко кој минува низ бунтовна фаза. Покрај сето тоа, таа работи во социјална заштита за деца и ѝ се допаѓа Окружниот обвинител Бјорнар. Оваа норвешка хит драма зборува за сите дилеми во кои ќе се најде човекот кога сака да ја направи вистинската работа – прво за своите најблиски, а потоа за себе. Приказната е многу добра и e лесна за идентификување, ликовите имаат длабочина, дејството не е површно, а ситуациите се реални и идентични како оние што ги доживуваат самите гледачи. Серијата на навистина одличен начин го портретира модерното норвешко семејство кое доживува среќа, тага и целиот спектар на емоции преку кои и ние влегуваме во вистинските односи меѓу луѓето. Глумата е врвна со одлична хемија меѓу актерите, со акцент на Хенриет Стинструп и Нилс Оле Оф, поради што оваа серија ја вклучивме на списокот на ‘најдобри сканди серии’.
Coach
Средовечна ракометна легенда од 90-тите години се враќа во својот клуб од детството, но овој пат за да тренира женски тим при што се судира со новата генерација жени во текот на глобалното движење #МиТу. На својот стар домашен терен, тој мора да се справи и со променливите времиња, неговата отуѓена ќерка и скандалот со коцкање, ништо што би му олеснило враќање на старо. Се работи за бившиот капитен на репрезентацијата кого многумина го паметат како будала, а и поминало долго време откако завршила неговата славна кариера, па не е во добра форма кога ќе го запознаеме. Му се нуди женски тим и тоа е целосно под неговото достоинство, сака да си замине повеќе од сè, но е принуден да го преземе овој тим, не насетувајќи дека токму тоа станува негов пат до повторно здобивање углед.
Chaos
Утринската програма на секоја телевизиска станица често е балансирање помеѓу проблемите со гардеробата, слабо истражените приказни, притисокот од преносите во живо и политиката на самата телевизиска куќа – воедно и посебен вид хаос со кој малку кој може да се справи. Сепак, саканата водителка на ‘Данска се буди’, Лизе Јенсен (Катрине Грејс-Розентал), совршено го прави тоа. Данската серија „Хаос“ стои токму среде комичната, потресна и често збунувачка борба помеѓу главата и срцето, бидејќи, се разбира, деловниот колега на Лиза, Мартин, е и нејзин сопруг. Кога нејзината работа е ставена на тест, Лиза стигнува до крстосница, и професионална и лична, а сознанието дека може да оди во правецот што ќе го избере е еднакво застрашувачко и ослободувачко. Секоја од осумте епизоди дава освежувачки искрен поглед на заблудата да се поседува сè, а наместо тоа, приказната на Лиза е дефинирана од изборот и магијата која може да се најде во движењето кон најдобрата верзија од себе.
Не талкајте наоколу барајќи ја следната голема серија бидејќи Pickbox NOW веќе има сè што ви треба.
Сериите се достапни за гледање преку pickboxnow.com, апликацијата или преку одбрани оператори.









