Филмската содржина за којашто знаеме дека е инспирирана од вистински настани секогаш со себе носи дополнителна тежина, емоционална длабочина и чувство на поврзаност и автентичност. Гледачите имаат впечаток дека се сведоци на важни моменти или човечки судбини, полесно се поистоветуваат со протагонистите и се препознаваат себеси во нивните приказни. Често по гледањето на ваква содржина тие уживаат во истражување на границата помеѓу реалноста и уметничката слобода, како и вистинската приказна зад содржината што ја гледале. Овој тип филмови често нуди можност да научиме нешто за важните општествени теми, што може да ни помогне подобро да го разбереме светот и да ни даде нова перспектива за настаните кои биле нечија реалност во одреден момент.

Филмовите засновани на вистински настани одекнуваат кај публиката на посебен начин бидејќи се дел од човечкото искуство, со што се создава поинтензивна емоционална вклученост и интелектуална стимулација. Тие се често пофасцинантни, подраматични или поневеројатни од она што некој би можел да го измисли, а публиката сака да открива приказни кои докажуваат дека животот може да биде подеднакво возбудлив, па дури и поневеројатен од фикцијата.

И Pickbox NOW во својот богат спектар на филмови ги нуди и оние кои со себе го носат делот од реалноста и се засновани на вистински настани. Во продолжение ви носиме пет наслови кои секако мора да ги погледнете.

 

Murdaugh Murders: The Movie – Part One

Се работи за извртена сага која со години ја плени и вознемирува јавноста и продолжува да освојува со својата вистинска приказна за привилегии, лудило и убиство. Гледаме како обвинението против адвокатот Алекс Мардок за двојното убиство на неговата сопруга и син го означи падот на една од најмоќните правни династии во Јужна Каролина. Многу пофалби доаѓаат и за изведбата на актерот Бил Пулман кој одлично си ја завршил работата, а целиот случај е речиси совршено пренесен на малите екрани.


Murdaugh Murders modul 1763732403
Murdaugh Murders


Murdaugh Murders: The Movie – Part Two

На стриминг сервисот Pickbox NOW, филмот е поделен на два дела. Како продолжение, вториот дел ја прикажува полицијата како брза кон домот на Мардок, откако Алекс Мардок се јавил и ја пријавил смртта на неговата сопруга Меги и синот Пол. Додека полицијата и печатот копаат по животот и адвокатската канцеларија на Алекс, тој се обидува да ја саботира нивната истрага измислувајќи лажни алибија. Филмовите засновани на вистински настани се силна филмска категорија, а овој филм никогаш нема да престане да биде морничав и неверојатен.

Murdaugh Murders part two modul 1763732608
Murdaugh Murders


Hilma

Насловот го истражува загадочниот живот на Хилма аф Клинт, чија неконвенционална и спиритуална уметност остана во голема мера непозната со децении. Денес таа е призната како една од првите апстрактни уметници во западниот свет, што е уште поимпресивно достигнување со оглед на тоа дека на уметничката сцена во тоа време доминираа мажите. „Хилма“, на шведскиот режисер Ласе Халстром, е прекрасна посвета на оваа неверојатна жена и покажува како, привлечена од метафизичкиот свет на спиритуализмот, таа ги прифатила делата на основачката на теозофијата, Хелена Блавацки, а особено антропозофот Рудолф Штајнер. Овие студии проникнаа во нејзините слики, кои беа создадени во конзервативно, патријархално време кога само мажите се сметаа за сериозни уметници.

hilma modul 1763732743
hilma

 

Yusuf Hawkins: Storm Over Brooklyn

Во категоријата ‘Филмови засновани на вистински настани’, ја гледаме приказната за убиството на Јусуф Хокинс, црн тинејџер во Бруклин, кој беше убиен од група бели млади луѓе. Филмот нè води на вистинско емоционално патешествие и навлегува длабоко во трагичното поглавје од историјата на Бруклин, успевајќи да ги задржи гледачите ангажирани со додавање на многу емотивни интервјуа. Овој филм, кој денес изгледа исто толку релевантен како и кога се случија вистинските настани пред повеќе од триесет години, ја прикажува прераната смрт на шеснаесетгодишно момче кое било убиено од други млади момчиња во населба претежно населена со белци. Последиците од смртта на Јусуф вклучуваа многу протести и маршеви во кои беше вклучен и познатиот свештеник Ал Шарптон.


yusuf modul 1763989079
yusuf