Со денешната никогаш поголема достапност на филмска и телевизиска содржина, честопати ни самите не знаеме во која насока да тргнеме. Како и за сè друго, така и во овој свет, секој од нас има свои преференции во жанровите, форматите, актерските имиња… па затоа понекогаш е невозможно да се одлучи кој избор најмногу ќе ни одговара. Бидејќи Pickbox NOW е познат по својот разновидна понуда на серии, тој е идеален стриминг сервис за наоѓање различни наслови, од драмски и криминалистички теми, до љубовни, семејни и хумористични.
Во богатата понуда на серии, корисниците преку своите искуства на гледање сепак ги профилираа насловите кои можеме да ги сместиме на самиот врв и ги ставија во категоријата на 5 најгледани серии на Pickbox NOW. Во продолжение ви ги пренесуваме за да можете што побрзо да ја тргнете во вашата нова авантура пред малите екрани.
1. Барајќи ја Алис (Finding Alice)
Сè започнува со тоа што Алиса, Хари и ќерката Шарлот се вселуваат во нивниот дом од соништата, кој се претвора во кошмар откако Хари е најден мртов на дното од скалите во куќата. Алиса тогаш почнува да открива дека нејзиниот сопруг, со кого била во брак 20 години, криел многу работи со кои не сакал или не знаел како да се справи. Едно од главните достигнувања на самата серија е фактот што не можеме да бидеме амбивалентни кон ниту еден лик и секој од нив е своевидна ‘карикатура’ на нешто со што веројатно и самите сме се сретнале во нашите животи. Серијата не се обидува од смртта да направи комедија, туку покажува како луѓето ги користат хуморот и сатирата среде голема тага за да се справат со трагичните ситуации и да се обидат да продолжат понатаму. Кили Хејс одлично ја носи многу комплексната главна улога која ќе остави впечаток на сите, во зависност од тоа како ќе го прифатат наративот на серијата.
2. Северноморска врска (North Sea Connection)
Во категоријата 5 најгледани серии на Pickbox NOW дефинитивно ќе го вклучиме и овој наслов. Додека уживаме во воодушевувачкиот пејзаж на западниот брег на Ирска, сфаќаме дека тој крие и своја мрачна тајна. Во исто време, Кјара мора да се соочи со драматичните последици од одлуката на нејзиниот брат Ејдан да транспортира дрога преку морето, додека шведската детективка отвора истрага со помош на локалното население. Серијата дефинитивно ќе им се допадне на љубителите на жанрот „ноар“, како и на скандинавската помрачна естетика. Дејството изобилува со пресврти и неочекувани моменти, а актерската екипа, меѓу која се издвојуваат Кер Логан и Денис Конвеј, одлично ја пренесуваат комплексноста на приказната на малите екрани. Покрај сето ова, неверојатниот ирски брег ни донесува посебни визуелни глетки.
3. Жулиет (Juliet)
По смртта на татко ѝ, детективката Жулиет Димон се враќа во својот роден град Де Хан, каде што презема привремена должност, додека во исто време се грижи за својата проблематична внука, тинејџерката Клое, на која ѝ бара згрижувачко семејство. Таа открива сè повеќе мрачни семејни тајни, се соочува со непроцесираната смрт на својата мајка и навлегува длабоко во човечката психа и тежината на меѓучовечките односи. Истрагите и случаите се на ниво на прикажувањето на комплексноста на животот на ликовите, а актерките Шарлот Де Брујне и Амбер Наерт одлично ја пренесуваат емоцијата којашто може да се почувствува дури и преку малите екрани.
4. Перни (Pørni)
Станува збор за една од најдобрите серии на „Вијаплеј“ во која самохраната мајка Перниле, позната и како Порни, се грижи за своите две деца, за внукот и за татко ѝ кој минува низ бунтовна фаза. Покрај сето тоа, таа работи во одделот за социјална заштита на децата, а ѝ се допаѓа окружниот адвокат Бјорнар. Оваа норвешка хит-драма раскажува за сите дилеми во кои ќе се најде човекот кога сака да ја направи вистинската работа – прво за своите најблиски, а потоа за себе. Приказната е многу добра и пристапна, ликовите имаат длабочина, дејството не е површно, а ситуациите се реални и исти низ кои поминуваат и самите гледачи. Серијата на навистина одличен начин претставува портрет на норвешкото модерно семејство кое поминува низ среќата, тагата и целиот спектар на емоции преку кои и ние зачекоруваме во реалните односи меѓу луѓето. Глумата е на врвно ниво со одлична хемија помеѓу актерите, со акцент на Хенриете Стинструп и Нилс Оле Оф.
5. Црвени избори (Red Election)
За љубителите на напнатоста и неочекуваните пресврти, оваа серија е идеален избор. Гледаме шпионски трилер во кој британската тајна служба се бори да открие таен руски план, а потоа, како што истекува времето, е принудена да преземе вонредни мерки да го спречи. Дејството постојано го тера гледачот да нагаѓа што ќе се случи од епизода до епизода, без класични клишеа, а вие ќе посакате да ја изгледате целата серија за еден ден. Ги следиме двете одлични актерки Лидија Ленард и Вик Кармен Соне во главните улоги, а сите други, како и тие, имаат нагласени маани, за разлика од многу други шпионски формати каде што добиваме впечаток дека главните ликови воедно се и херои. Токму овој дел се издвојува како посебен. Добро разработените пресврти треба да го добијат својот аплауз бидејќи ова е дефинитивно серија којашто ве тера да се преиспитате, исто како што ги тера и главните ликови, поради што и овој наслов влегува во топ 5 најгледани серии на Pickbox NOW.









