Во денешно време можеме да кажеме дека стриминг платформите полека ја презедоа доминацијата над класичната телевизиска програма, што е совршено за љубителите на сериите кои сега имаат пристап до неверојатна разновидност на содржини. Pickbox NOW особено се истакнува со својата широка понуда која доаѓа од целиот свет, нудејќи разнолика продукција и жанрови кои ги задоволуваат најразличните вкусови на гледачите.
Без оглед дали се работи за напнати скандинавски трилери, британски криминалистички драми или американски романтични хитови, Pickbox NOW навистина ви овозможува да патувате низ светската продукција без да ја напуштите удобноста на вашиот дом.
Гледачите можат да избираат помеѓу различни стилови, наративи и култури, од сериозни и комплексни приказни до лесни и забавни наслови, а скриените бисери на светската продукција се совршен избор за уживање во нешто сосема ново. Во светот на стриминг платформите, онаа која успева да ги спои глобалните хитови со различните жанрови и квалитетни продукции дефинитивно го заслужува вниманието на секој вистински обожавател на серии, па затоа Pickbox NOW секако се истакнува со својот врвен избор.
Во продолжение ви носиме неколку серии кои не се нарекуваат без причина скриени бисери на светската продукција.
Catch Me a Killer (јужноафриканска серија)
Серијата е заснована на истоимената книга која ја раскажува вистинската приказна за Мики Писториус, бивша новинарка која станала психолог, а потоа и првиот профилер на сериски убијци во Јужна Африка. Токму во тој дел од светот е една од највисоките стапки на криминал, како и сексуални злоставувања, па гледачите сигурно нема да останат рамнодушни на сцените прикажани во оваа серија, со своето брилијантно сценарио, глума и кинематографија. Актерката Шарлот Хоуп неверојатно ја отелотворува главната актерка и жената која со помош на својата интелигенција и способност се сместува во главите на убијците и врши исклучителна работа прикажувајќи некој кој навистина бил страстен во својата работа.
Friends Like Her (новозеландска серија)
Во градот Каикура, разурнат од земјотрес, животите на најдобрите пријателки почнуваат да се распаѓаат кога договорот за сурогат мајчинство ќе биде уништен, откривајќи мрачни тајни и напната лојалност среде катастрофална заднина. Многу оригинално напишана психолошка драма, фантастична глума, прекрасен пејзаж и мешавина од народни и безвременски традиции ја прават оваа серија одлична за гледање, од првата до последната епизода, и серијата е идеален избор за непрекинато гледање. Не недостигаат неочекувани пресврти, а преку малиот екран може да се почувствува психолошката мака и токсичниот однос што го покажуваат ликовите.
Totally Completely Fine (австралиска серија)
Во категоријата скриени бисери на светската продукција, секако влегува и серијата којашто на исклучителен и искрен начин прикажува емоционално вознемирувачки ситуации. Приказната ја следи автодеструктивната Вивијан која открива дека имотот покрај гребенот што го наследила од дедо ѝ е всушност место на многу самоубиства, поради што таа ја наследува и задачата да стане негов чувар и да ги спасува изгубените души на работ. Промислена, силна тематика којашто ги прикажува семејството и пријателите со сите нивни несовршености на нивното патување да бидат сакани и да станат целосни. Дејството ги спротивставува напнатите елементи со комичните, актерската екипа е одлична, а сите ликови на некој начин се скршени и изгубени. Сепак, до крајот секој од нив го прави својот круг целосен.
Flordelis: A Family Crime (бразилска серија)
Откако се прославува со посвојувањето на повеќе од 50 деца од улиците на Рио де Жанеиро, Флорделис дос Сантос де Соуза го искористува своето влијание за да ја основа Заедницата на евангелистичката служба и да започне успешна пејачка и политичка кариера. Таа се мажи за Андерсон до Кармо, свештеник во нејзината црква, но кога е пронајден убиен во 2019 година, таа е обвинета за организирање на насилното злосторство. Таа добива 50 години затвор, а неколку од нивните деца (од кои повеќето се посвоени од улиците на Рио) исто така беа обвинети за соучество во убиството на свештеникот. Така, Симона дос Сантос Родригез, биолошката ќерка на бившата конгресменка, е осудена на 31 година затвор, како и нејзиниот биолошки син, кој доби 33 години затвор.




