Премиерно на Pickbox NOW:
Скандинавската авантура “Роња, ќерката на ограбувачот”

 

Возбудлива адаптација на класиката на светски познатата писателка Астрид Линдгрен достапна е од 29 март

Ronja key art 1711533333

Семејна и авантуристичка серија со елементи на фантазија, Роња, ќерката на ограбувачот (Ronja, the Robber’s Daughter) пристигнува на стриминг сервисот Pickbox NOW на 29 март. Се работи за адаптација на еден од најпознатите романи на омилената шведска писателка Астрид Линдгрен, креаторката на ликовите како Пипи Долгиот Чорап, Емил од Лонеберга и Децата од Бучното Село. Низ шест епизоди, серијата носи свеж поглед на класичната приказна за легендарната девојка Роња, прикажувајќи ги предизвиците и авантурите на растењето на суптилен и впечатлив начин.

Ronja stills 1 1711533345

 

БЕЗВРЕМЕНСКА ПРИКАЗНА ЗА РАСТЕЊЕТО

„Роња, ќерката на ограбувачот“ ја следи приказната за една млада девојка родена во група разбојници во средновековна скандинавска тврдина. Сместена во магична, а понекогаш и опасна шума, Роња се среќава со необични суштества и ги открива тајните на светот околу себе. Следејќи ги авантурите на Роња додека се соочува со предизвиците на своето уникатно воспитување, серијата го истражува нејзиното патување во светот исполнет со чуда и опасности и сведочи за трајната сила на храброста и врската на забранетото пријателство. Младата Роња се спријателува со синот на ривалот на татко ѝ и така започнува драмата на нејзиното пријателство и семејната лојалност.

Ronja stills 4 1711533368

 

МЛАДИ АКТЕРИ ВО ВОЗБУДЛИВАТА АДАПТАЦИЈА НА ЛЕГЕНДАРНАТА ДЕТСКА ПРИКАЗНА

Возбудливата модерна адаптација на светски познатата приказна „Роња, ќерката на ограбувачот “ е напишана од Ханс Росенфелд, додека режијата ја презеде Лиза Џејмс Ларсон. Во оваа серија, која главно се фокусира на млади ликови, актерската екипа ја сочинуваат Керстин Линден, Џек Бергенхолц Хенриксон, Кристофер Вагелин, Криста Косонен, Јохан Улвесон и Сверир Гуднасон. Младите актерски ѕвезди им внесуваат живот на ликовите кои за првпат се наоѓаат на животни пресвртници. Сите заедно ветуваат автентична и емотивна интерпретација, додавајќи ѝ длабочина и слоевитост на приказната.

Ronja stills 2 1711533419

 

Авторката на книгата што ја инспирираше оваа серија, Астрид Линдгрен, е шведска книжевна ѕвезда која е меѓу најпреведуваните и најпродаваните авторки на светот со повеќе од 75 објавени книги. Нејзините дела се преведени на преку 100 јазици и продадени во повеќе од 165 милиони примероци, а се адаптирани во повеќе од 70 играни филмови и ТВ-продукции.

Ronja stills 5 1711533400

 

Гледачите можат да се радуваат на втората сезона на серијата „Роња, ќерката на ограбувачот“, која е планирана за крајот на 2024 година.