Знаеме дека Pickbox NOW низ годините стана синоним за врвната европска и светска продукција. Таму секој може да го најде она што најмногу му одговара, во зависност од неговите афинитети или желби во моментот. Исто така, знаеме дека криминалистичкиот жанр е секогаш на врвот кога станува збор за популарноста, без разлика дали се работи за комплексни мистерии, омилени детективски имиња или постојани пресврти во заплетот.
Она што е сигурно – публиката обожава крими серии, не само поради напнатото дејство кое ве држи во неизвесност до самиот крај, туку и поради увидот во комплексноста на човековото однесување, неочекуваните пресврти и завршетоци, желбата да се види како правдата победува, а често и поради харизматичните ликови кои таквите серии ги поседуваат. Без оглед на причината за љубовта кон криминалистиката, таа ги одржува таквите серии вечни успеси.
Pickbox NOW во својата содржина нуди разновиден избор на наслови, а сега ќе ги издвоиме најдобрите нови крими серии кои со своите епизоди или сезони се свежи на стриминг сервисот.
1. Шетланд (Shetland)
Осум сезони на една од најдобрите британски детективски серии инспирирани од романите на Ен Кливс. Оваа крими драма го следи легендарниот Џими Перез, но и други интригантни инспектори кои се подготвени ‘да му влезат во чевлите’ во решавањето на злокобните мистерии на Шетланд, остров преполн со тешки меѓучовечки односи и уште потешки злосторства. Го отсликува реалниот живот таков каков што е, со автентичниот шкотски пејзаж, дијалект, неочекувани расплети на ситуациите, а како што многумина знаат да нагласат – глумата во серијата е одлична.
2. Инспектор Ребус (Rebus) 2024
По успехот на истоимената серија од 2000 година, ова е сосема нова верзија заснована на романите на Ијан Ранкин кои се продадени во повеќе од триесет милиони примероци. Детективот Џон Ребус мора да ја премине тенката граница помеѓу почитување на законот и следење на сопствениот морален кодекс кога брат му ќе се вклучи во активностите на соперничката криминална група, што предизвикува проблеми на улиците на Единбург. Построга и помодерна верзија, одлична глума на главниот лик Ричард Ранкин, како и врвна серија за сите оние кои сакаат да се нурнат во светот на детективската драма и немаат проблем да ја погледнат целата сезона во еден здив.
3. Глава (The Head)
Меѓу најдобрите нови крими серии, мораме да ја вклучиме и „The Head“, психолошки трилер кој следи тим научници предводени од биологот Артур Вајлд кој трагично умира под сомнителни околности. Убиецот е во бегство, а останува само еден човек, командантот Јохан Берг, кој може да открие што навистина се случило во истражувачката станица. Ако сака да ги дознае одговорите, мора да работи со единствената преживеана личност, младата лекарка Меги. Можеби ќе помислите дека се работи за уште еден вообичаен заплет кој веќе сте го виделе, но серијата вреди да се гледа до самиот (задоволителен) крај. Секоја епизода создава доза на неизвесност и возбуда што го принудува гледачот да го продолжи патувањето низ серијата, а освен тоа што сценариото е добро напишано и глумата е одлична. Во овој наслов дефинитивно ќе уживаат сите љубители на мистериозни убиства.
4. Роднини (Kin)
Криминалното семејство Кинсела од Даблин сè повеќе се судира со нарко-картелот на Канингемови, а ситуацијата особено ескалира кога нервозниот син на Френк Кинсела влегува во насилен судир со еден од луѓето на Имон. Серијата е многу интензивна, решителна, модерна и паметно напишана, а и на многу добар и вистинит начин ги прикажува криминалните семејства од Даблин. Квалитетот на камерата и продукцијата се на врвно ниво, а мрачната и тензична атмосфера ја задржува напнатоста кај гледачите. Најголемиот плус на серијата веројатно се нејзините реалистичност и уверливост, каде што влоговите изгледаат реални, семејната динамика и карактерните маани се убедливи, а смртта има последици.
5. Младиот инспектор Морз (Endeavour)
Сместена во 60-тите и 70-тите години во Оксфорд, серијата ја следи раната кариера на Ендевор Морз. Работејќи заедно со неговиот постар партнер истражителот Фред Турсдеј, Морз се вклучува во бројни истраги, а сите љубители на британската крими продукција ќе знаат дека ова е еден вид „приквел“ на легендарната серија „Инспекторот Морз“. Дефинитивно не се работи за уште еден непотребен додаток на саканиот лик, а иако серијата, секако, ќе привлече споредби со својот култен претходник, благодарејќи им на воодушевувачки наративи и живописната заднина на шеесеттите, „Endeavor“ апсолутно се истакнува со своите значајни заслуги. Голем дел од успехот на серијата може да му се припише на генијалниот избор на актерот Шон Еванс, кој дава свој печат на оваа култна улога. Морз имаше уникатен квалитет, различен од сите други, а тимот на „Endeavor“ дефинитивно успеа да ја долови таа ДНК и да ја оживее, поради што оваа серија мораме да ја вклучиме во најдобрите нови крими серии.





